Connect with us

Фудбал

ФОТО: Марсело се појави во суд, жестоко казнет

Бекот на Реал Мадрид Марсело е казнет со 157 илјади евра поради брзо возење, а во тој момент немал ниту возачка дозола, соопшти шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Бразилецот денеска во судот во Мадрид добил казна од 350 евра дневно во текот на 15 месеци, откако полицијата на 19 декември минатата година го сопрела при брзила од 134 километри на час.

Откриено е дека тогаш возел без возачка дозвола, односно му била одземена, бидејќи веќе бил фатен при брзо возење. Ова не е прв пат Марселона да биде казнет за брзо возење. Претходно истото се случи во 2014-та година.