Фудбал
ФОТО: Меси со силна порака поради коронавирусот
Лионел Меси е во самоизолација во својот дом. По повод коронавирусот и одложените мечеви ширум Европа, тој се огласи на својот Инстаграм.
-Ова се комплицирани денови за секого. Живееме загрижени за она што се случува и сакаме да помогнеме, да се ставиме на местото на оние што минуваат низ најлошото, или на оние на кои директно влијаеше или на нивното семејство и пријатели, или на оние што работат на првата линија во борбата во болниците и здравствените центри. Здравјето секогаш мора да биде на прво место. Тоа е исклучителен момент и мора да ги следите упатствата на здравствените организации и на јавните власти. Само на овој начин можеме да се бориме ефикасно. Време е да бидете одговорни и да останете дома, да уживате во времето со своето семејство што не можете секогаш да го имате, напиша Меси.