Фудбал
ФОТО: Министерот Филипче и пиша на ФФМ-Не знаеме кога повторно ќе има фудбал во Македонија
На барање на Фудбалската федерација на Македонија, Министерството за здравство информираше дека имајќи ја предвид епидемиолошката состојба во државата, тие не се во можност да дадат временска рамка за тоа кога би можело да се изврши доигрување на првенството од натпреварувачката сезона 2019/2020.
Од ФФМ велат дека одлуката за почеток на одигрување на натпреварите ќе биде донесена согласно препораките од надлежните државни тела. Фудбалската федерација на Македонија е во постојана комуникација со здравствените институции, но и УЕФА, и конечната одлука околу продолжување на националното првенство ќе биде донесена согласно насоките добиени од Министерството за здравство (Главен координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19).
Во продолжение, одговорот од Министерство за здравство на барање на Фудбалска федерација на Македонија.
