Connect with us

Фудбал

ФОТО: Многумина не се сеќаваат дека играл за Барселона, но Роналдињо да!

Славниот Бразилец, Роналдињо објави интересна фотографија која имаше многу реакции. Имено, иако напиша дека се фотографирал со пријател од времето кога играле во Барселона, сепак многумина не можеа да погодат кој всушност е на фотографијата.

Станува збор за Фабио Рочембак. Многумина го паметат по игрите од Мидлзброу и Спортинг, а кариерата ја завршил пред шест години во кинескиот ДЛ Аербин. Рочембак во Барселона пристигна на почетокот на 2001 година од Интернационал за 10 милиони ролади. Од него многу се очекуваше, но сепак не се случи тоа.

На „Камп Ноу“ не се снајде, па по две сезони замина на позајмица во Спортинг. Барселона го продаде летото 2005-та година во Мидлзброу за околу два милиони долари.

Рочембак во Барселона одигра 68 мечеви, постигна три голови и забележа пет асистенции.

Но, на фотографијата тој повеќе не наликува на себе, веројатно годините го прават своето.