Connect with us

Фудбал

ФОТО: Напаѓачот на Реал Мадрид потпишал документ, но не го испочитувал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ е во центарот на вниманието во Србија, но и во Шпанија. Добил дозвола од лекаркиот тим да го напушти карантинот во Мадрид и да се врати дома во Белград. При слетувањето на аеродромот како дел од мерките против ширењето на коронавирусот, добил документ кој го потпишал и со кој се обврзал дека ќе седи дома во 14 дневна самоизолација.

Сепак, наместо тоа, тој се шетал низ улиците во Белград и се видел до неговата девојка Софија. Властите во Србија најавија кривична пријава против Јовиќ, а тој се правда дека не шетал никаде, иако е виден низ улиците на Белград.