Connect with us

Фудбал

ФОТО: Наполи и Елиф Елмас во посебни дресови против Рома

Италијанскиот тим Наполи за кој настапува нашиот Елиф Елмас на мечот против Рома кој е на програмата вечерва од 20:45 часот ќе настапат со посебни дресови. Тие ќе бидат во боите на Аргентина, секако во чест на легендарниот Диего Марадона, кој почина во средата од срцев удар, а кој во минатото го носеше со голем успех дресот на овој тим.

Ваква идеја Капа и Наполи размислуваа да направат уште минатата сезона, па сега се поклопија коцките кога замина големиот Диего Марадона.

 

Facebook