Connect with us

Фудбал

ФОТО: Навивачи на македонски фудбалски тим на протест, ќе му дадат поддршка на Кочо Анѓушев

Навивачите на фудбалскиот клуб Борец од Велес, популарната група „Гемиџии“ за утре во 16 часот закажаа мирен протест. Причината е најавата за заминување на сопственикот, бизнисменот и поранешен министер Кочо Анѓушев, кој побара поништување на Општинското собрание.

Анѓушев побара поништување на Собранието затоа што меѓу четирите делегати делегирани од ОФС Велес нема ни еден претставник од Борец. Воедно обвинува дека претставниците од овој општински фудбалски сојуз ги штитат само личните интереси во ФФМ.