Connect with us

Фудбал

ФОТО: Навивачите на Барса во дилириум, сега е ОФИЦИЈАЛНО, легендата Чави се врати дома

Раководството на Барселона во средата вечерта беше во Катар и успеа да ги договори сите детали околу враќањето на Чави на Камп Ноу, но овојпат тој таму ќе работи како тренер, додека претходно како играч ги освои сите можни трофеи и е еден од најдобрите што Барселона ги имаше во својата богата историја.

Откако замина во Катар, каде играше извесно време, ги „калеше“ своите тренерски способности на клупата на повеќекратниот шампион Ал Сад. Официјалната потврда на каталонскиот клуб се очекува денеска, но потврдата е веќе пристигната од Катар и повеќе нема никакви пречки.

-Администрацијата на Ал Сад се согласи за преселба на Чави во Барселона по исплатата на ослободителната клаузула предвидена во договорот. Се договоривме да соработуваме со Барселона во иднина“, соопштија од катарскиот клуб.

Барселона на Ал Сада ќе му плати отштета од пет милиони евра, а клубовите во иднина ќе одиграат еден подготвителен натпревар на катарско тло.