Фудбал
ФОТО: Навивачите на Шкупи најдоа начин за поддршка на својот тим и покрај забраната за присуство на публика
ФОТО infosport.mk
Попладнево се одиграа натпреварите од Првата македонска фудбалска лига. На Чаир, Шкупи беше домаќин на Ренова. Мечот заврши со победа на гостите од 2:3. Пред два дена беше донесена одлука, на препорака на Министерството за здравство мечевите да се одиграат без присуство на публика поради коронавирус и превенција од негово ширење.
Сепак, навивачите на Шкупи, популарните „Шверцери“ најдоа начин да навиваат и да му дадат поддршка на својот тим. Неколку од нив се качија на покривот на зградата до стадионот во Чаир, па навиваа во текот на 90 минути.