Connect with us

Тајмаут

ФОТО: НБА легенда заработи отказ поради стриптиз, па доби понуда за работа од сајт за возрасни

Пред само неколку дена поранешниот НБА играч Пол Пирс остана без работа откако телевизиската мрежа ЕСПН одлучи да му врачи отказ. Причината е тоа што во живот на Инстаграм профилот емитуваше стриптиз од неговиот дом.

Пирс беше стручен коментатор на ЕСПН каде имаше и своја емисија, но сепак експресно доби отказ.

Но, во секое лошо има и добро, па така и во овој случај. Наводно на Пол Пирс веднаш му понудиле работа. Станува збор за интернет страница за возрасни „КамСода“, која му нуди 250.000 долари да направи емисија за НБА лигата на нивниот сајт. Останува да се види каков ќе биде одговорот и ако прифати каква точно ќе биде емисијата.

Секако, поради сензитивна содржина, видеото на Пирс како во неговиот дом една девојка полугола го масира, а другата зад него тверка и игра стриптиз, додека неколку други мажи гледаат, го нема повеќе на социјалните мрежи.