Connect with us

Фудбал

ФОТО: Не се Меси, Роналдо, Нејмар, сега некои „нови дечки“ се најскапите фудбалери во светот, ќе се изненадите од листата

Лионел Меси е на 97-мо место, Кристијано Роналдо го нема помеѓу 100-те најскапи, Бразилецот Нејмар исто така го нема во првата стотка. Имено, Меѓународниот центар за спортски студии од Швајцарија, објави листа на највредни, односно најскапи фудбалери во моментов.

Оваа листа е создадена врз база нна алгоритам со околу 57 варијабли. Во пресетката на крајната цена се пресметуваат годините на фудбалерот, должината на договорот со актуелниот клуб, потоа позицијата на која игра, минутите кои ги минува на теренот, постигнати голови, резултати со репрезентацијата и уште неколку.

Па така, најскап фудбалер според овој алгоритам е Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед со 165,6 милиони евр. Следува Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд со 152 милиони, Александар Арнолд од Ливерпул 151,6 милиони, четврти е Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед со 151,1 милион, а петорката ја заокружува Килијан Мбапе со 149,4 милиони евра.

На следниот ЛИНК ја имате комплетната листа.