Фудбал
ФОТО: Нема веќе дилеми, новиот тренер на ПСЖ пристигна на потпис
Аргентинскиот фудбалски стратег Маурисио Покетино веќе една година е без работа, но тоа наскоро ќе се смени. Уште пред неколку дена, по отказот на Томас Тухел, сите угледни спортски медиуми објавија дека Покетино е нов тренер на ПСЖ. Но, тоа не беше официјализирано. Се чини дека наскоро ќе се случи и тоа бидејќи Покетино е фотографиран пред седиштето на „Светците“ во Париз каде треба во текот на денот да го потпише договорот, а потоа ќе следува и официјална потврда.
Mauricio Pochettino est au Camp des Loges #PSG pic.twitter.com/bnMz2CaiYw
— Loïc Tanzi (@Tanziloic) January 2, 2021