Connect with us

Фудбал

ФОТО: Неверојатната серија на Ливерпул заврши на „Енфилд“

Ливерпул синоќа од Барнли (0:1) го забележа првиот пораз во 69 одиграни мечеви на својот терен „Енфилд“. Последен пат, не сметајќи го синоќешниот меч, Ливерпул загубил дома во април 2017-та година од Кристал Палас со 1:2.

За овој период „Црвените“ забележале 55 победи и 13 нерешени средби. Ова е најдобрата серија без пораз на домашен терен на еден англиски тим, по Челзи, чија серија заврши во 2008-ма година со 86 мечеви без пораз.