Connect with us

Фото

ФОТО: Новиот дрес на Јувентус предизвика доста контроверзии, ќе ни биде потребно време да се навикнеме на него

Јувентус следната сезона ќе има нов дрес, но на многу навивачи не му се допаѓа.

На новиот дрес на Јувентус се отстранети линиите и ќе биде пола-пола, од едната страна бела, од другата црна боја, а во средината ќе има розова лента која ќе потсеќа на деведесеттите години, кога оваа боја прв пат е воведена во опремата за Јувентус.

Како што обично се случува, некои се ентузијасти, на некои им е лош дизајнот и чувствуваат дека еден клуб како што е Јуве мора има поубави дресови.

Јувентус во изминатите години работи на подобрување на имиџот и мора да се признае дека им оди добро, без разлика што нивните идеи на почетокот се критикувани.

Истото се случи и со менувањето на грбот, но сега кога луѓето се навикнати на него, сметаат дека е поубав од оној легендарниот кој ја одбележаа историјата на „старата дама“.