Connect with us

Фудбал

ФОТО: Од Демир Хисар до Амстердам – километрите се само бројка…

Километрите се само бројка кога станува збор за бодрење на нашата македонска фудбалска репрезентација. Иако поради ковид протоколите, многу малку публика ќе има на трибините на вечерашниот за нас последен наптревар на Европското првенство (ЕУРО 2о20), сепак дијаспората е тука и ќе ги замени сите грла кои требаше да бидат таму.

Веќе на големо се објавуваат фотографии од Фалангата како се подготвува за денешниот натпревар, кој ќе започне во 18 часот, а наш противник е Холандија.

Арената Јохан Кројф е главниот стадион во холандскиот главен град – Амстердам и стадионот на холандскиот клуб Ајакс. Изграден во 1996 во вредност од 140 милиони евра, стадионот порано беше познат како Амстердам Арена, но потоа беше  преименуван во чест на легендарниот холандски фудбалер Јохан Кројф, кој почина во март 2016.