Други спортови
ФОТО: Одбојкарка од Италија-Само вие продолжете да излегувате по кафулиња
Српската одбојкарка Јована Бракочевиќ која игра за италијанскиот тим Горгонзола од Новара, се огласи на социјалните мрежи по повод коронавирусот. Поранешната репрезентативка на Србија, ситуацијата во светот со КОВИД-19, кој зема животи, ја искористи да ги предупреди, пред се нејзините сонародници од Србија, но и сите останати. Порача по секоја цена да се почитуваат мерките.
-Не пишувам често, речиси никогаш, но сега имам потреба. КОВИД-19 е вирус кој не затвори во своите домови. Но, дали е само тоа? Од коронавирусот се умира. Тоа е факт. Не, само што умирате, туку умирате сами. Никаде никој освен медицински персонал, на кој едвај им се гледаат очите. Нема никој да ве фати за рака. Денеска во италијанскиот град Бергамо се случи нешто уште полошо. Војската дојде по ковчезите со починатите и директно ги однесе во крематориу, стои во нејзината објава.
Таа порачува да не се излегува по кафулиња, да се избегнуваат големи гужи и собири и секако да се почитуваат препораките на властите. Само така ќе се спречи ширењето на вирусот кој веќе земја илјадници животи во целиот свет.
— Jovana Brakocevic (@JBrakocevic) March 19, 2020