Фудбал
ФОТО: Освен што е „Специјалниот“, сега Мурињо станува и „крал“ на Инстаграм
Тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо се повеќе е активен на социјалните мрежи, а со неговите објави привлекува големо внимание. Таков беше случајот со неговата последна објавена фотографија поврзана за мечот со Ливерпул.
Тој објави фотографија од него направена во 63-та минута од мечот при резултат 1:1, а под неа напиша:
-Моментот кога стативата не спречи да дојдеме до заслужена победа. Горд сум на сите.