Фото
ФОТО: Откриена тајната за Салах, која малкумина ја знаат
Играчот на Ливерпул, Мохамед Салах ќе биде достапен за Јирген Клоп за дерби натпреварот во сабота против Арсенал, иако тоа беше откриено дека го влече повреда на раката уште од финалето на Лигата на шампионите во мај.
По најновите фотографии од „Melwood“, центар за обука на Ливерпул, може да се заклучи дека Салах тренира со бандажер низ цела рака, што будеше сомнеж кај навивачите на Ливерпул дека тој нема да биде подготвен за дербито на Емирати.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Салах целосно е здрав за натпреварот со Арсенал, за разлика од Хендерсон и Кеита, кои дефинитивно нема да биде во конкуренција за оваа средба.
Најдобар стрелец од минатата сезона, со заштита на раката играл против Хадерсфилд, Црвена Звезда и Кардиф и во секој од овие натпревари постигна гол.
? Melwood
Countdown to #ARSLIV ? pic.twitter.com/MX90uoAShz
— Liverpool FC (at ?) (@LFC) October 31, 2018