Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова е новиот „затвор“ на Роналдињо

Фудбалскиот волшебник Роналдињо како што е познато излезе од затвор во Парагвај и заедно со неговиот брат судењето ќе го дочека во домашен притвор, односно во хотел. Нема да смее да го напушта хотелот, но сепак „новиот затвор“ е далеку поудобно место од она каде што беше досега.

За него е платена кауција од 1,6 милиони евра за да се брани од слобода.

Според шпанска „Марка“ Роналдињо посакал топка да му биде донесена во хотелот и секако ја добил. Обезбеден му е простор каде што може да тренира.

Инаку, поради пандемијата со коронавирусот во хотелот во моментов се само Роналдињо, неговиот брат и адвокатите кои го посетуваат.

Хотелот се вика „Пармалога Асунсион“ и има четири ипол ѕвездички.