Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова се колената на еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, легендарниот Бразилец Роналдо, имаше страшни повреди на двете колена.
Роналдо се здоби со страшни повреди во дресот на Интер. Првата во 1999 година на мечот против Лече, а по неколкумесечна пауза поради скинати лигаменти на левото колено, славниот напаѓач се врати на терените во април 2000 година.

Сепак, во првиот натпревар „Ел Феномено“ ги скина лигаментите на десното колено кога се обиде да дрибла на дуелот против Лацио.
Целиот Олимпико остана во шок, а колената на Роналдо години подоцна изгледаат навистина ужасно.

Јасни лузни се видливи од тешките операции што ги имаше, кои ја запреа дополнителната „експлозија“ на еден од најдобрите напаѓачи што некогаш се појавиле.

Сепак, Роналдо успеа да се врати на теренот. Не беше истиот, но успеа да го одведе Бразил до титулата светски првак во 2002 година.
Потоа успешно играше за Реал Мадрид, Милан и Коринтијанс каде ја заврши кариерата во 2011 година.