Тајмаут
ФОТО: Пеле може во Вест Хем, а со него доаѓа и неговата девојка која е вистинска „бомба“
Напаѓачот Грациано Пеле ја напушта Кина каде играше во изминатите четири години. Тој се враќа во Премиер лигата, но овој пат наместо Саутемптон, ќе го облече дресот на Вест Хем. Наводно, двете страни се блиску до договор, па во наредните денови се очекува официјализација на потписот со 35-годишниот напаѓач.
Но, наместо Пеле, во англиските медиуми повеќе внимание привлече враќањето на неговата девојка, унгарскиот модел Вики Варга. Таа е вистинска убавица, која е многу често на насловните страници на списанијата, а секако и на најпознатиот магазин „Вог“.
