Тајмаут
ФОТО: Пилотите накај Букурешт летаат со сонцето од Кутлеш!

Два чартер летови од скопскиот аердором утрово тргнаа за Букурешт. Сите патници ќе се приклучат на Фалангата која веќе е пристигната во голем број пред вечерашниот прв натпревар на Македонија на Европското првенство во фудбал (ЕУРО 2020).
Интересна е фотографијата, а на која сонцето од Кутлеш е ставено и се вее кај пилотите на авионот во кој се наоѓаат македонските граѓани кои патуваат во Букурешт за да ја бодрат нашата репрезентација.

Иако се уште живееме во ковид пандемија, сепак дозволено е исполнување на арената 33%, а поднесено е и барање до УЕФА за зголемување на тој капацитет.
Македонија вечерва од 18.00 часот за прв пат игра на Европско првенство. Наш прв противник е репрезентацијата на Австрија.