Connect with us

Фудбал

ФОТО: По Роналдиња, уште една Бразилка доаѓа во фудбалски клуб од Тетово

ЖФК Љуботен во јануари најавува уште едно засилување. Станува збор за  нова Бразилка, или втора по ред. Се работи за Таила Гомерс Фариас.  Претходно е договорена Роналдиња. На 11 декември  од овој клуб објавија дека како најново засилување во клубот доаѓа Ана Бетриз Тарантино Гуилермо Салино или со прекар Роналдиња. Таила Гомерс Фариас и Роналдиња треба да дојдат во Тетово на 21 јануари.

Се работи за поранешна фудбалерка на Васко де Гама, доскорашна членка на Ботафого и поранешна репрезентативка за играчи до 17 години на Бразил.