Фудбал
ФОТО: Погледнете ја неверојатната колекција на дресови на Лионел Меси и Пауло Дибала
Аргентинските фудбалери Лионел Меси и Пауло Дибала се страствени колекционери на дресови.
И двајцата се навистина посветени на собирање дресови, а самиот Меси има комплетна просторија исполнета со различните дресови што ги доби во текот на целата кариера.

Sвездата на Барселона пред долго време се пофали на фановите со својата колекција која е навистина извонредна, додека истото го стори и Дебала пред неколку дена.
Нивната колекција сигурно ќе биде уште побогата до крајот на нивните кариери, иако и сега изгледа навистина импресивно.