Connect with us

Фудбал

ФОТО: Покрај лошата ситуација со коронавирусот, Италијанците оптимисти, наскоро ќе продолжи Серија А?!

Италија е земја која е најмногу погодена со пандемијата од коронавирусот. Според последните информации има над 147 илјади заразени и над безмалку 19 илјади смртни случаи.

Вонредната состојба и карантинот ќе траат до 3-ти мај, иако почна да се намалува бројот на заразени и смртни случаи, а да се зголемува бројот на оздравени.

Министерот за спорт Винченцо Сапдафора прилично оптимистично порача и дека денот за продолжување на Серие А е многу блиску.

-Длабоко верувам дека нашите спортисти повторно ќе бидат на патот на победите и дека чесно ќе се борат за нашата „тробојка“. Барам повторно да ги активирате федерациите и останатите субјекти во спортскиот систем и тренинзите и активностите продолжат, најверојатно од 4-ти мај. Тоа е неопходно со строги безбедносни мерки кои ќе ги одреди владата и научниците, вели Спадофора.