Connect with us

Фудбал

ФОТО: Познат најдобриот тим на ЕП 2020, многумина нема да се согласат…

УЕФА ги откри имињата на фудбалерите кои добија место во најдобриот тим на шампионатот. Меѓу најдобрите играчи на еврособирот се најдоа по тројца играчи од финалистите, Англија и Италија.

Првакот има тројца претставници во Кјелини, Киеза и Донарума, а многумина сметаат дека некој од средниот ред требаше да добие награда за прикажаните игри.

Англичаните исто така имаат три играчи во „дрим-тимот“, Данска доби две места, а по еден Португалија и Франција.

Најдобар тим на ЕП 2020: Донарума, Кјелини, Мегвајер, Шо, Маеле, Погба, Џака, Стерлинг, Долберг, Киеза, Роналдо;