Тајмаут
ФОТО: Познатите спортисти го слават Божиќ, Роналдо и овој пат различен од сите
Денес е еден од неколкуте денови во годината кога професионалните спортисти можат да уживаат во слободното време и да го поминат со семејството.
Божиќ е време кога повеќето од нив одлучуваат да останат дома и да го прослават овој празник со семејството, а денес токму тоа го сторија повеќето од нив.
Една од двете најголеми фудбалски sвезди Лео Меси реши да остане дома со сопругата Антонела Рокузо и нивните три деца. Тие ја украсија елката и сите се облекоа во слична облека, што на фотографијата изгледа навистина убаво.

Најголемата ММА sвезда на денешницата, Конор Мек Грегор, исто така, одлучи да остане дома со неговата сопруга Ди Девлин и двете деца. Исто така, тука беше и нивното куче, кое добило слична облека како нив и се најде на фотографијата.

Кристијано Роналдо е скоро секогаш еден од оние што се истакнува, и така беше и овој пат. Португалската sвезда и заедно со Меси, најголемата фудбалска икона на денешницата, го дочека Божиќ на плажа со неговите вереници Георгина Родригез и децата. Интересно е што на плажа беше и Дедо Мраз.

Легендарниот десен бек на Барселона, Дани Алвеш, реши да го дочека Божиќ дома со сопругата Џоан Санц, која е супермодел.

Ванда Нара и нејзиниот сопруг Мауро Икарди не одат никаде еден без друг, така е и за Божиќ, што решија да го прослават во ресторан.

Анхел Ди Марија очигледно се присети малку на неговите денови во Манчестер Јунајтед затоа што се облекол во црвено.

Sвездата на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, исто така, одлучи да го дочека Божиќ со сопругот и децата.
