Фудбал
ФОТО: „Предатор“ специјално за Пол Погба
Фудбалерот за врска на Манчестер Јунајтед не се наигра оваа сезона поради проблемите со повредите. Но, паузата сигурно е добредојдена за него и за продолжетокот од сезоната.
Погба вредно работи во теретана и јасно е дека ќе биде подготвен за рестартот на сезоната кога секако за тоа се добие од здравствените власти.
Додека се чека датумот, „Адидас“ за Пол Погба подготви и специјални копачки кои ги воодушевија фановите. Новите „Адидас Предатор“ на Пол Погба 2020 наскоро ќе бидат и во комерцијална продажба, а ќе чинат 250 евра.

