Connect with us

Фудбал

ФОТО: Пристигна дебитантот во македонскиот национален дрес, погледнете како беше пречекан

Фудбалерот на шведски Малме, Ердал Ракип за прв пат ќе го носи дресот на Македонија. Тој доби повик од селекторот Благоја Милевски, а се појави и на собирот за натпреварите против Лихтенштајн и Германија, во рамките на квалификациите за пласман на СП во Катар. Тој игра во средниот ред, роден е во Малме, а неговите потекнуваат од Македонија. Има 25 години, потекнува од школата на Малме, беше на позајмица во Бенфика, па Кристал Палас, но сепак не се снајде и се врати онаму каде што игра најдобро, дома во Малме.

Полека нашата репрезентација се собира, како што е познато отпадна Енис Барди поради повреда, а на негово место нема да биде повикан нов фудбалер.

Македонија во петок гостува кај Лихтејнштајн а во понеделник ја дочекува Германија во мундијалските квалификации.