Connect with us

Фудбал

ФОТО: Противникот за малку ќе му скршеше нога, а тој му порача-Ми должиш нови костобрани!

Пјер Емил Хојберг со крвави нозе го напушти полуфиналниот меч од Лига купот помешу Тотенхем и Брентфорд (2:0).

Данскиот фудбалер доби жесток удар од фудбалерот на Брентфорд Џошуа Дасилва во финишот на мечот. Судијата на фудбалерот му покажа црвен картон.

Хојберг сакаше да го продолжи мечот, се расправаше со Мурињо, но сепак немаше шанси да добие таква дозвола.

По мечот Дасивла се извини:

-Секој кој добро ме познава, знаат дека немав таква намера. Од ова ќе научам, порача фудбалерот на Брентфорд.

Хојберг возврати.

-Се разбира дека немаше намера. Јас сум Викинг и добро сум, но ми должиш нови костобрани, шеговито порача фудбалерот на Тотенхем.