Connect with us

Фудбал

ФОТО: Работнички во еден ден промовираше пет засилувања!

Работнички го засили ростерот со пет нови фудбалери во пресрет на стартот на зимските подготовки. Марио Станковски и Андреј Лазаров повторно се вратија од Борец, односно Тиквеш, а нови играчи на Работнички се и Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа од Борец, како и Андреј Кировски од Силекс.

Мустафа ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција, Андреј Лазаров и Марјан Ристовски ќе конкурираат за средниот ред, Андреј Кировски ќе делува во одбраната, додека Марио Станковски во навалниот ред на тимот што ќе го предводи Александар Влахо.

Претходно Александар Влахо на 5-ти јануари беше назначен за шеф на стручниот штаб, а само еден ден подоцна Горан Станковски беше назначен за спортски директор.