Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо го симна Меси од тронот

Кристијано Роналдо се најде на врвот на листата според „Форбс“ за најпатени фудбалери. Досега на тоа место беше Лионел Меси. Со доаѓањето во Манчестер Јунајтед, Роналдо треба да заработи 125 милиони евра до крајот на оваа година.

Тој ќе заработи 70 милиони евра со својата плата и дополнителните бонуси за комплетирањето на зделката со англискиот великан, а останатите 55 милиони евра ќе ги инкасира од спонзорските договори.

Меси со новиот договор паѓа на второто место. Според „Форбс“, Аргентинецот во до крајот на годината ќе заработи 110 милиони евра.