Тајмаут
ФОТО: Роналдо со уникатен роденденски подарок за својата сакана
Жената покрај суперѕвездата на светскиот фудбал Кристијано Роналдо – Џорџина Родригез, во четвртокот во Дубаи го прослави својот 28 роденден. Убавицата се пофали со огромен букет рози и со премиера на биографски филм.
Уште повпечатливо, сепак, беше специјалното изненадување на Роналдо за неговата сакана. Португалецот ја запрепасти Џорџина и договори роденденска честитка да се емитува на фасадата на највисоката зграда на светот Бурџ Калифа, а на видеото додаде „Честитки, љубов моја“.
Посебна беше и роденденската забава на Џорџина – на приватна плажа, со масата за забава преполна со ливчиња од рози и фотографии од неа и Роналдо.
