Connect with us

Фото

ФОТО: Салах доби статуа, но малку е да се каже дека не личи на него

Мохамед Салах од Ливерпул доби статуа од египетскиот скулптор Мај Абдел, но работите тргнаа наопаку.

Статуата требаше да покаже дека Салах се радува, но навистина е тешко да се најде каква е сличност со египетскиот фудбалер, кој веројатно е најголемата ѕвезда во неговата земја.

Во минатото, видовме доволно статуи кои не личат на луѓето на кои се посветени, па така, на сличен начин „настрадаа“ Кристијано Роналдо, Марадона и многу други.