Фудбал
ФОТО: Се е договорено, Месут Озил преку Инстаграм го најави својот нов клуб?!
Месут Озил наскоро ќе има нов клуб. Како што пишуваат медиумите се е договорено, а тој тоа го најави на својот Инстаграм профил. Тимови од МЛС лигата беа заинтересирани за него, даваа многу подобри финансиски сулови, но сепак неговата желба да се врати „дома“, од каде што потекнува, иако има германско државјанство и играше за Германија, сепак беше пресудна.
Неговиот нов клуб ќе биде Фенербахче.
Озил е роден во Германија, по националност Турчин, кариерата ја почнал во Шалке, а играл за Вердер Бремен, Реал Мадрид и Арсенал. За селекцијата на Германија забележал 92 настапи на кои постигнал 23 голови.