Connect with us

Фудбал

ФОТО: Шкендија промовираше Бразилец-Тетово е убав град, ова е предизвик за мене!

Во пролетниот дел од сезоната, за тимот на Шкендија ќе настапува Бразилец. Станува збор за Андре Менсалао, кој потпиша 1,5 годишен договор со тимот од Тетово. Тој игра во средниот ред, како и на позијата лево крило.

-Среќен сум што сум дел од Шкендија. Тетово е убав град, веќе неколку дена сум тука и почнав да се прилагодувам. Македонија е мојот втор ангажман во Европа, претходно бев дел од ерманскиот шампионат. Шкендија е тим со одлични играчи и игра брз и напаѓачки фудбал, мислам дека тоа ми одговара. Овој ангажман е предизвик за мене да го прикажам целиот мој капацитет“, изјави Менсалао.

Бразилецот во есенската полусезона беше дел од ерменскиот тим ФК Севан, каде одигра 13 натпревари и постигна 6 гола. Претходно, во текот на кариерата играше во родната држава Бразил.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама