Connect with us

Фудбал

ФОТО: Со овој дрес Македонија за прв пат заигра фудбал и стана членка на ФИФА и УЕФА

Во 1994 година, Македонија станала членка на ФИФА, на УЕФА и на Балканската Фудбалска Федерација. Националната репрезентација со официјални активности започнала во 1994 година, во квалификациите за ЕП 1996, кога Македонија била во групата со: Ерменија, Белгија, Кипар, Данска и Шпанија. Отогаш наваму, Македонија учествува во сите натпревари на УЕФА и ФИФА.

  • Прв меѓународен натпревар:   Словенија 1 – 4 Македонија
    (Крањ, Словенија, 13 октомври 1993).
  • Прв официјален натпревар:   Македонија 1 – 1 Данска
    (Скопје, Македонија, 7 септември 1994).
  • Првиот гол за македонската репрезентација го постигнал Зоран Бошковски   3′.
  • Првиот гол во официјален натпревар го постигнал Митко Стојковски   5′.
  • Најубедлива победа е постигната против Лихтенштајн на гости, со победа од 11-1.
  • Најдобар стрелец е Горан Пандев со 26  .
  • Играч со најмногу настапи е Гоце Седловски со 100 настапи.
  • Најмлад дебитант во репрезентацијата е Тауљан Сулејманов, со 17 години, 6 месеци и 11 дена.