Поврзи се со нас

Тајмаут

ФОТО: Стадионот во Драчево чека тревник

До напролет ќе има трева и нема веќе да биде нива стадионот во Драчево, уверуват надлежните. Стадионот пред неколку недели буквално беше изоран и од стадион се претвори во нива.

Има две приказни за стадионот во Драчево. Првата е дека тревникот намерно бил изоран за да не се делат термини меѓу двата клуба Партизан Фудбал Кидс и ССК, додека втората е реконструкција по одлука на Управниот одбор на ССК.

Претседателот на ФК ССК од Драчево, Љупчо Трајковски пред една недела се јави и со реакција околу последните пишувања за стадионот.

“Јас Љупчо Трајковски, претседател на ФК ССК изјавувам дека во врска со вчерашниот настан на стадионот на ССК се истурија многу невистини, лаги и клевети кон мене, ФК ССК, моето семејство, пријатели, функционери и тоа од страна на една организирана група НЕСРЕЌНИ ЛУЃЕ. ВИСТИНАТА Е ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА. Ние како клуб од 1965 година па до ден денешен континуирано и непрекинато го одржуваме објектот и фудбалскиот терен и се натпреваруваме при сениорските и младинските лиги на Фудбалската Федерација на Македонија. СО ЦЕЛ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ние Управниот Одбор на ФК ССК како клуб донесовме одлука да извршиме замена на постоечката подлога на стадионот. Целата реконструкција ќе се биде самофинансирана од клубот со помош на ентузијасти од нашата населба, со што би ги направиле условите ОДЛИЧНИ ЗА ТРЕНИНЗИ И НАТПРЕВАРИ.

Ние како клуб имаме одлични корелации со Општината Кисела Вода и Фудбалската Федерација на Македонија, кои СЕКОГАШ ни излегувале во пресрет за секое наше барање, се разбира доколку биле во можност. Исто ќе биде и во овој случај каде ЗАЕДНО со Општината Кисела Вода и Фудбалската Федерација на Македонија стадионот ќе добие нов модерен сјај. На севкупната јавност многу добро и е познато како сме се грижеле и уште ќе се грижиме за стадионот кој е гордост и симбол на населбата Драчево. Многу генерации, започнувајќи од Милан Апостоловски па се до ден денешен ПРИДОНЕЛЕ СЕКОЈ НА СВОЈ НАЧИН за клубот да опстане и непрекинато да функционира до ден денес. Благодарност до нашите симпатизери од кои сме ја црпеле енергијата во најтешките мигови и кои ни давале несебична поддршка во секоја ситуација.

НА ПРОЛЕТ СТАДИОНОТ НА ФК ССК ЌЕ БЛЕСНЕ ВО НОВ СЈАЈ.

СПОРТСКИ ПОЗДРАВ, ФК ССК“ завршува со реакцијата Трајковски.

loading...

Facebook