Connect with us

Фудбал

ФОТО: Столе најдобар голман, ама додека јас не пораснам!

Македонската јавност синоќа уживаше на стадионот. Нашите момци победија против Исланд со 3:1, обезбедија пласман во баражот за СП за Катар. Како по примерот на големите фудбалски мечеви, така и синоќа на Арената „Тодор Проески“ можеа да се забележат разни транспаренти. Еден беше роденденска желба, која беше исполнета од Костадинов, кој подари дрес на девојче, а друг транспарент е урнебесен, од едно мало детенце. На транспарентот пишуваше:
-Столе најдобар голман, додека да пораснам!
Дај боже да биде така, па Македонија да има уште нови големи голмани, па и фудбалери и редовно да се пласираме и играме на големите натпреварувања.

Реклама

Facebook

Реклама