Connect with us

Фудбал

ФОТО: Тажна е оваа слика, сите на едната, Меси на другата страна

Барселона на гостински терен славеше против Ваљадолид со 3:0, а Меси учествуваше во победата со гол и асистенција. Згора на тоа на овој меч стигна до рекорд од 644 голови во еден ист клуб, со што го надмина легендарниот Пеле кој за Сантос постигна еден помалку од Аргентинецот.

Но, тажна беше сликата по мечот. Капитенот Меси не отпатува со останатите фудбалери, туку во Барселона се врати со приватен авион. Ова секако изненади многумина, иако има одредени непотврдени информации дека тој со приватниот авион летнал за Аргентина каде ќе остане 2-3 дена.