Фудбал
ФОТО: Трајковски топката не ја испушта од раце, со неа во авион па и на плоштад во Скопје
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски летот од Палермо до Скопје го помина во придружба на топката со која се играше синоќешниот натпревар Италија-Македонија.
Со топката во рака се појави и пред медиумите при слетувањето на скопскиот аеродром.
Фотографот на SPORTM.mk ја улови моментот, а од фотографијата може да се забележи дека на топката е напишан датумот на кој се играше натпреварот и имињата на Македонија и Италија, но и потпис од играчите.