Connect with us

Фото

ФОТО: Украина ја испровоцира Русија со дресот за ЕУРО 2020

Украина го објави дресот за ЕУРО 2020, а дизајнот ја налути Русија.

На дресот на Украина е претставена мапа на државата, вклучивајќи го и Крим, што предизвика бурни реакции од Русија.

Исто така покрај мапата која го опфаќа и Крим, има и натпис на кој пишува „Победа за Украина“.

Уефа ги одобири овие дресови, а во Русија ова го сметаат за провокација, па членот на Државната дума, Дмитриј Свишчев ја коментираше одлуката на УЕФА за одобрување на дресовите на украинската репрезентација за Евро 2020.

„Ова е политика на двојни аршини. Она што се случува сега со обликот на Украина е неприфатливо. Украина изразува политички став кој е некомпатибилен со Руската Федерација. Штом УЕФА донесе ваква одлука, тоа значи движење по опасна патека која никаде не може да ве одведе. Разочаран сум од ова решение. УЕФА прави сериозна грешка“, изјави Свишчев.

Украина е во група Ц со Македоија, Австрија и Холандија.

 

Реклама

Facebook