Фудбал
ФОТО+ВИДЕО: По 47 дена, фудбалерите на Арсенал истрчаа на теренот, чуден тренинг
Прв пат по прекинот на сите активности, фудбалерите на Арсенал излегоа на терен. „Топџиите“ се првиот англиски тим кој одработи тренинг на отворено. Според снимките, фудбалерите тренираа целосно одвоени еден од друг.

Арсенал не дозволи на сите играчи да дојдат во исто време во кампот, туку тоа го направија во смени. Беше дозволено во кампот кој брои 10 терени најмногу да можат во исто време да претстојуваат само пет играчи.