Кошарка
ФОТО+ВИДЕО: Ударот во бетонскиот блок целосно го уништи возилото на Буштур
Македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во населбата Кисела Вода.

Поради лизгавиот коловоз Буштур ја изгубил контролата над возилото со кое управувал, излетал од патот и удрил во бетонски блок кој се наоѓа на средината од коловозот на булеварот „Србија“ во општина Кисела Вода во Скопје.

ВИДЕО: www.infomax.mk
Благоја Георгиевски, долги години беше член на Работнички, исто така тој настапуваше и за југословенската репрезентација со која има освоено медал на ЕП 1971 годин. Има сребрен медал од Оломпијадата во 1976, а во независна Македонија беше селектор, тренер во неколку клуба, а подоцна и истакнат спортски работник.
Роден е на 15 октомври 1950 година во Скопје.