Connect with us

Други спортови

ФОТО: Во пресрет на новата сезона – Ф1 добива еден од најдобрите болиди до сега

Кон крајот на наредниот месец, конечно почнува новата сезона од Ф1, а екипите се подготвуваат за новите предизвици.

Во новата сезона не очекуваат неколку нови промени кога станува збор за правилата, но и кај самите учесници. Подготовките се во полн ек, па екипите ги тестираат своите нови болиди. Секако главната цел е да бидат што подобри во новата сезона во однос на минатата, но и некој конечно да го симне Мерцедес од тронот.

Официјалните претставувања на болидите се уште немаат започнато, но некои тимови решија да ги „отворат картите“, па ги покажаа своите болиди. Големо воодушевување кај љубителите на овој спорт предизвика екипата на Хас, чиј болид многумина остави без текст.

Американскиот тим објави фотографии од болидот кој ќе го возат нивните возачи. На болидот доминира црната боја, а златната боја дава посебен „шмек“. Во иста боја се и униформите на возачите Роман Грожан и Кевин Магнусен.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Други спортови

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com