Connect with us

Кошарка

ФОТО: Збогум Буштур, мајсторе!

Денеска се одржа комеморативна седница за кошаркарската легенда Благоја Героргиевски Буштур. Тој трагично загина пред два дена во сообраќајна несреќа, откако поради лизгавиот коловоз изгуби контрола врз возиолот и удри во бетонска ограда на булеварот „Србија“.

На комеморацијата посветена на македонскиот кошаркарски великан присутни беа голем број од неговите поранешни соиграчи, пријатели, но и почитувачи на неговиот кошаркарски и животен опус, меѓу кои беа и Лазар Лечиќ, кошаркарскиот татко на популарниот Буштур, како и Богдан Тањевиќ, едно од најголемите имиња на просторот на поранешна СФР Југославија.

Oд Георгиевски се простија Тодор Гечевски, спортскиот директор на КФМ, кој се потсети на неговата големина не само како кошаркар туку и како човек, забележувајќи си себе си што не го одржал ветувањето за заеднички риболов, нешто што беше нивна заедничка љубов.

Сеќавања на легендата на Работнички искажаа и Васил Тупурковски, првиот човек на МОК и пријател со Буштур повеќе од пет децении, неговиот поранешен соиграч Драган Радосављевиќ, како и неговиот голем другар, актерот Ѓокица Лукаревски.