Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ѕирнете во куќата на шеикот, новиот сопственик на Њукасл, најскапиот дом во светот

Наследникот на кралската круна во Саудиска Арабија, шеикот Мухамед Бин Салма е на чекор да го купи англискиот тим Њукасл. Наводно цената е 300 милиони фунти, која ја прифатил сегашниот сопственик Мајк Ешли. Останува само да се завршат административните процедури.

Иако звучи неверојатно, но сепак англиските медиуми тврдат дека е точно и дека тоа е само 70 милиони фунти повеќе од она што го платил за неговиот дом, најскапата куќа на светот.

Куќата се наоѓа во Франција, во близина на Версај, а градена е од 2008-ма до 2011-та година. Наводно чинела 230 милиони фунти, направена е во стил на замок од 17-тиот век. Куќата заедно со дворот се простира на површина од 50 илјади квадратни метри.