Connect with us

Фото

Фотографија која го освои Интернетот: Дали иамте видено во што се вози Тер Штеген?

Многумина велат дека скромноста е доблест, а една од оние познати личности кои ја поседуваат оваа особина е голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген.

Иако голманите на Барселона заработуваат милиони, овој германски репрезентативец не страда од опсесијата е гледан во скапи автомобили, како некои други фудбалери, а тоа го говори и фотографијата која се појави на социјалните мрежи.

Тер Штеген се стреми да живее како секој нормален граѓанин, па медиумите во Шпанија веќе напишаа дека редовно шета низ градот или вози скутер, а сега се појави и фотографијата од јавен превоз. Германецот, всушност, беше фотографиран во станицата во Барселона, а фотографијата ги инспирираше обожавателите и пошироката спортска јавност.

“Марк-Андре тер Штеген е различен. Германецот немаат проблеми со славата и нивното однесување им дава добар пример на другите”, пишува „Мундо Депортиво“.