Connect with us

Тајмаут

Фотографија која го запали интернетот, млад фудбалер фатен во незгоден момент (ФОТО)

Младиот дефанзивец на англискиот нисколигаш Таунтон Таун, 22-годишниот Велшанец Џеј Фалстон се најде во центарот на вниманието поради урнебесна фотографија која ги запали социјалните мрежи.

Клуб за кој многумина никогаш не ни слушнале, стана познат благодарение на разочараното момче кое беше уловено на популарната страница за запознавање како мерка една жешка девојка додека патува на натпревар.

Таунтон Таун објави фотографија од клупскиот автобус на социјалните мрежи, не знаејќи каква врева ќе предизвика. На прв поглед тоа беше обична фотографија од фудбалери кои позираат во автобус, но еден интересен детал на неа предизвика лавина од коментари.

Имено, корисниците на Твитер забележале дека еден од играчите, младиот Џеј Фалстон, го користи популарниот „Тиндер“ и следеле бројни урнебесни реакции.

Челниците на овој прилично анонимен клуб биле воодушевени од „успехот“ постигнат со фотографијата, па решиле да се пошегуваат на сметка на својот дефанзивец. Ја објавија уште еднаш, овој пат зумирајќи го „спорниот детал“ со крајно духовит коментар:

– Се надеваме дека магијата на Џеј функционира исто толку добро и надвор од теренот.