Connect with us

Фудбал

Фотографија која предизвика бурни реакции во Германија, двајца добри другари, гледаат фудбал и пијат пиво?!

На социјалните мрежи се појави фотографија од две деца кои од трибините го следат натпревар во Германија, но во чии раце има пијалок налик на пиво.

Додека момчињата гледаат во камерата и држат поголеми пластични чаши, започнува дебата на интернет – како е можно таквите млади луѓе веќе да консумираат алкохол?

Навистина, вообичаено е да пиете пиво на трибините додека го гледате омилениот клуб, но во овој случај тоа би било барем скандалозно и никако нормално. И додека корисниците пишуваа разни коментари, дел од публиката од Германија набрзо го донесе вистинскиот одговор.

Имено, момците уживале во сокот од јаболко, но многумина на почетокот биле измамени поради бојата на пијалокот и начинот на кој се пиел. Децата од фотографијата набрзо станаа хит, но веруваме дека со пиво во рака уште долго нема да ги видиме ниту на трибините ниту каде било…

Реклама

Facebook

Реклама